fbpx

Објектив

Погледни подобро

ШТАЈНМАЈЕР ОЧЕКУВА ПОЧЕТОК НА ПРЕГОВОРИТЕ ПО СРЕДБАТА ВО БЕРЛИН

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска оствари телефонски разговор со претседателот на Германија, Франк-Валтер Штајнмајер.

Пендаровски изразил задоволство од интензивниот политички дијалог меѓу двете држави и упатил благодарност до германскиот претседател за постојаната германска поддршка за нашата европска интеграција и затоа што прашањето за проширување на ЕУ е во приоритетите на германското претседавање.

„Во таа насока, претседателот Пендаровски  посочи дека очекува до крајот на годинава да се одржи првата меѓувладина конференција со што ќе се означи официјалниот почеток на преговорите на Република С. Македонија со ЕУ. Отпочнувањето на преговорите ќе биде дополнителен мотив за земјава и поттик за понатамошно спроведување на неопходните суштински реформи, особено во сферата на правната држава и социоекономскиот развој“, се наведува во денешното соопштение од кабинетот на Пендаровски.

Штајнмајер истакнал дека после конструктивните разговори меѓу претставниците на владите на С. Македонија и Бугарија во Берлин во текот на вчерашниот ден, се надева дека во рамки на германското претседателство, до крајот на годинава, официјално ќе започнат преговорите на ЕУ со нашата држава.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: