fbpx

Објектив

Погледни подобро

Нова славна двојка: Адел и Бредли Купер се во врска

Британската дива Адел е во врска со холивудскиот актер Бредли Купер, пренесуваат светските таблоиди. Според изворот Адел и Бредли ги запознала Лејди Гага, пејачката која имаше кратка љубовна авантура со актерот, по снимањето на филмот во кои двајцата ги играа главните улоги.

Откако минатата година Адел се разведе од сопругот Симон Конецки, таа сега е во нова љубовна авантура. Според Magazin New Idea нов партнер на британската диве е токму Бредли Купер.

Во изминатиот период Адел се посвети на вежбањето и здравата исхрана и ослабна преку 40 килограми. Купер е сам веќе една година, откако се разведе од руската манекенка Ирина Шајк.

Иако во изминатиот период се шпекулираше дека Адел е во врска со британскиот рапер Скепт, сепак пејачката минатиот викенд во шоуто Saturday Night Live и на „Инстаграм“ јасно даде до знаење дека и понатаму е сингл, но и дека можеби е во врска со холивудската ѕвезда.

Извори блиски до Адел откриваат дека таа со новата линија стекнала самодоверба и дека сега има повеќе храброст да влезе во нова љубовна авантура.

Aдел е сингл и е подготвена да се дружи со нови пријатели во холивудските кругови. Бредли би можел да биде личноста каква што таа ја посакува. Се разбираат затоа што и двајцата се сингл по разводите, но и двајцата имаат деца од минатите бракови“, открива изворот.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: