EДЕН ОД НАПАЃАЧИТЕ ВО ВИЕНА Е АЛБАНЕЦ СО МАКЕДОНСКО ПОТЕКЛО
Австриските власти се уште не се јавиле со потврда околу идентитетот на убиениот напаѓач кој вчеравечер изврши терористички напад во Виена, главниот и одговорен уредник на магазинот „Фалтер“, Флоријан Кленк тврди дека се работи за Албанец со потекло од Северна Македонија.
„Се вика Куртин С., роден е во 2000 година во Виена, каде и пораснал. Од албанско потекло е, а неговите родители се од Северна Македонија и немаат никаква врска со изламизам“, напишал овој познат австриски новинар на Твитер.