Владата донесе одлука за ослободување од плаќање на аконтациите на данокот на добивка за ноември и декември 2020 година, како и за јануари и февруари 2021 година
Владата вчера ја одржа својата редовна седница и донесе поголем број на одлуки како и нови мерки на заштита.
Ослободување од плаќање на аконтациите на данокот на добивка за ноември и декември 2020 година, како и за јануари и февруари 2021 година за обврзниците кои имаат претрпено штети во своето работење поради ширење на новата болест, доуредување на непризнаените расходи за даночни цели, односно пропишување на одредби согласно кои премиите за доброволно здравствено осигурување (дополнително и приватно здравствено осигурување) на вработените лица, платените лабораториски тестови за болеста, како и подолг период на пренесување на загубата за обврзниците кои во текот на 2020 и 2021 година ќе остварат загуба од работењето, се само некои од решенијата содржани во Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка што помина синоќа на владина седница.
Со законот, според Владата, ќе се уредат законските решенија за поддршка на обврзниците во справувањето со последиците од болеста и зголемување на нивната ликвидност .