ЗАБЕЛЕЖИТЕЛНА ПРЕДНОСТ НА БАЈДЕН
Според последните податоци, Џо Бајден собра 237 електронски гласови на претседателските избори во САД, за разлика од Доналд Трамп, кој има 213. Според репортерот на Н1, Амир Кривошија, доколку изборите запреа сега, Бајден ќе беше нов жител на Белата куќа.
Актуелниот претседател на САД во текот на денот изјави дека е „многу чудно“ што тој ја губи предноста во клучните држави каде што водеше синоќа.
„Синоќа водев, честопати солидно, во голем број клучни држави, во скоро сите места што ги држеа и контролираа демократите. Потоа, еден по еден, тие почнаа магично да исчезнуваат додека се бројат изненадувачки гласовите со преписка. МНОГУ ЧУДНО“, наведе Трамп.
Од друга страна, кандидатот на Демократската партија за претседател на САД, Џо Бајден, рече дека е на добар пат да оствари изборна победа.
„Тука сум да ви кажам дека веруваме дека сме на добар пат да победиме на изборите“, рече тој во обраќањето пред приврзаниците.