fbpx

Објектив

Погледни подобро

Претседателот на СДСМ-Гази Баба ќе ја замени разрешената Лидија Димова на директорското место во Националната агенција за европски образовни програми

Марко Ѓоргиевски, магистер по финансии и банкарство и член на СДСМ е назначен за вршител на дејноста директор во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, дознава „А1он“. Одлуката ја донесоа членовите на Управниот одбор. Ѓоргиевски доаѓа на местото на Лидија Димова, која пак, е оcoмничена за сторени kpивични дела злoyпотреба на службената положба и овластувања и злoyпотреба на европски фондови.

Еден од клучните фактори за изборот на Ѓоргиевски било тоа што тој има искуство во финансискиот сектор, нешто што се покажало како Според Законот за основање на национална агенција за европски образовни програми и мобилност, Ѓоргиевски функцијата в.д. директор може да ја извршува најдолго шест месеци од неговото именување. За в.д. директор се именува лице кое ги исполнува условите како за избор на директор.

„Да е државјанин на Република Македонија; во моментот на именувањето со правосилна cyдска прecуда не му е изречена kaзна или прeкршочна caнкција зaбрaна за вршење на професија, дејност или должност; да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование и да има минимум пет години работно искуство; да поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години“, пропишува законот во делот на условите.

Ѓоргиевски не е вработен во Националната агенција, туку е лице поставено однадвор. „А1он“ ја побара и неговата биографија, но до овој момент, ја нема добиено. Засега е познато дека тој е претседател на општинската организација на СДСМ во Гази Баба и има учествувано во повеќе партиски активности. В.д. директорот, последно има учествувано во хуманитарна акција која ја организирал градоначалникот на Гази Баба, Борис Геогриевски.

Минатата година, именуваниот в.д. директор Ѓоргиевски учествувал и во партиска акција за чистење на Скопје, за која давал и изјава за медиумите. Во 2015 година, тој учествувал и на панел дискусија на тема „Како до подобри можности за младите да отпочнат бизнис?“. За претседател на партиската општинска организација е избран во јули минатата година.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на:


Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-includes/functions.php on line 5279

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-content/plugins/really-simple-ssl/class-mixed-content-fixer.php on line 107