fbpx

Објектив

Погледни подобро

СКАНДАЛ ВО ИТАЛИЈА: НА ЛАЦИО МУ СЕ ЗАКАНУВА ИСФРЛАЊЕ ВО СЕРИЈА „Б“?

На повидок е голем скандал во италијанскиот фудбал, што може да резултира со исфрлање на Лацио во понизок ранг. Причина е можно кршење на протоколите на римскиот тим.

Лацио денеска гостува во Санкт Петербург на екипата на Зенит во рамките од 3. коло во ЛШ, а во авионот не беа Чиро Имобиле, Лукас Леива и Томас Старкоша кои беа позитивни тестови на коронавирус. Нив ги немаше и на минатиот меч со Бриж во ЛШ.

Интересно е што тројцата настапија на дуелот со Торино кој заврши 3:3, а сега ги нема за ЛШ. Наводно имале негативни тестови пред дуелот.

Доколку се докаже спротивното, тогаш римскиот гигант би можел да има големи проблеми, и да реагира италијанската федерација.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: