fbpx

Објектив

Погледни подобро

ТРАМП: НОЌЕСКА ВОДЕВ И ОДЕДНАШ ГЛАСОВИТЕ ПОЧНАА МАГИЧНО ДА ИСЧЕЗНУВААТ

Броењето на гласовите од вчера оддржаните претседателски избори во САД се уште е во тек, резултатот од гласањето е крајно неизвесен, но актуелниот претседател Доналд Трамп веќе го оспори изборниот резултат.

По ноќешниот говор во кој прогласи победа, тој се огласи и на Твитер.

„Синоќа водев, често пати солидно, во голем број клучни држави, во речиси сите места што ги држеа и контролираа демократите. Потоа, еден по еден, тие почнаа магично да исчезнуваат додека се броеја изненадувачки допишаните гласови. Многу чудно, а анкетарите погрешно се’ сфатија буквално и историски “, напиша Трамп.

Набрзо по првиот тој објави уште еден твит.

„Како е можно  секогаш кога ќе добијат допишани гласови тие да бидат толку разурнувачки во процентот и моќта на уништување?, додаде американскиот претседател.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на:


Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-includes/functions.php on line 5279

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-content/plugins/really-simple-ssl/class-mixed-content-fixer.php on line 107