fbpx

Објектив

Погледни подобро

ТРАМП ПОБАРА ОД ВРХОВНИОТ СУД ДА ГО ПРЕКИНЕ БРОЕЊЕТО ГЛАСОВИ

Додека трае гласањето  во неколки клучни сојузни држави, Доналд Трамп обвини за измама на претседателските избори и прогласи победа.

„Ова е измама на американската јавност. Ова е срам за нашата земја“, изјави Трамп од Белата куќа и додаде:

„Подготвени сме да ги освоиме овие избори. Да бидам искрен, ние победивме на овие избори“.

Ниту тој, ниту Џо Бајден досега немаат освоено 270 електорски гласови, колку што им е потребно за победа.

Трамп побара од Врховниот суд да се вмеша во изборниот процес.

„Ќе одиме на Врховен суд. Сакаме броењето веднаш да прекине“, кажа Трамп.

Во предизборната кампања, Трамп често истакнуваше дека е недозволиво некои држави да ги бројат гласовите откако изборите ќе завршат, сметајќи дека тоа води кон измама.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: