fbpx

Објектив

Погледни подобро

(Фото) Пратениците на СДСМ не се појавија на комисијата за надворешна политика во врска со барањата на Бугарија

Комисијата за надворешна политика денес требаше да одржи средба во врска со актуелното прашање со Бугарија односно меморандумот со кој беше најавена блokaда на отварањето на преговори за влез во Европската унија докoлку Македонија не се согласи со условите предвидени со истиот.

Но на средбата, како што напиша пратеничката и членка на комисијата Марија Петрушевска, пратениците на СДСМ воопшто не се појавија. Наместо да ја искористат можност да се изгради Национален консензус за отворените прашања со соседна Бугарија, тие избегаа.

Дали на повидок е ново предавство на Македонија?, прашува Петрушевска. Што Владата на СДСМ и пратениците кријат од граѓаните?

Обединети стоиме, поделени паѓаме, додаде таа.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: