fbpx

Објектив

Погледни подобро

Cyдот одлучува денес за одземање на пасошот на Лидија Димова

Разрешената директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Лидија Димова денеска е повикана во Кpивичниот cyд каде се одлучува дали ќе ѝ биде одземен пасошот, од кои и оној дипломатскиот. Обвинителството како мерки на претпазливост побара одземање на пасошот и да јавува во cyдот.

Димова и нејзините соработници се осомничени за измама, а кpивичната пријава е поднесена од Финансиската полиција. Според пријавата тие предизвикале штета од над 400 илјади евра.

Димова денеска не сакаше да даде изјава за новинарите. Одлуката за дали за Димова ќе се изречат мерки на претпазливост ќе биде донесена денеска од судија на претходна постапка.

Кривичната пријава против Лидија Димова, Александар Гочев, Зоран Златковски и Ана Павлиду ја поднесе Финансиската полиција, а Јавното обвинителство покрена истрага. Тие се сомничат за злоупотреба на службена положба и овластување, злоупотреба на европски фондови и несовесно работење во службата.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: