fbpx

Објектив

Погледни подобро

БАЈДЕН БЛИСКУ ДО ПОТРЕБНИТЕ 270 ЕЛЕКТОРСКИ ГЛАСОВИ

Џо Бајден ги обезбеди победите во Мичиген и Висконсин додека кампањата на актуелниот претседател Трамп по судски пат се обидува да го прекине броењето гласови во неколку сојузни држави.

Бајден сега е на 264 електорски гласови, а Трамп на 214, додека за победа им се потребни 270. Агенцијата АП јавува дека на Бајден му е потребна победа во само уште една сојузна држава за да стане претседател, но трката и натаму е неизвесна, бидејќи останува да се пребројат милиони гласови.

„Ќе владеам како американски претседател. Нема да има црвени и сини држави кога ќе победам. Само Соединетите Американски Држави“, порача Бајден, кој досега има добиено 71 милион гласови, рекорд во историјата на изборите во САД.

Тој вели дека се чувствува многу добро во поглед на резултатите во Пенсилванија, каде што, според последните податоци, заостанува 164.000 гласови. Оваа сојузна држава носи дури 20 електорски гласови.

Аризона продолжи со броењето гласови, и покрај притисокот од приврзаниците на Републиканците, кои за момент упаднаа во тамошниот изборен центар по тврдењата што се појавија на социјалните мрежи дека гласовите што ги добил Трамп не се бројат.

Менаџерот на кампањата на Трамп, Бил Степиен, изјави дека тој и формално ќе побара повторно броење гласови во Висконсин поради наводни нерегуларности во повеќе области и најави тужби во Џорџија, Пенсилванија и Мичиген.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на:


Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-includes/functions.php on line 5279

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-content/plugins/really-simple-ssl/class-mixed-content-fixer.php on line 107