fbpx

Објектив

Погледни подобро

ДВАЈЦА БРАЌА НА 26 И 21 ГОДИНА ОД КАВАДАРЦИ ПОЧИНАА ОД КОВИД-19

Градоначалникот Митко Јанчев потврди дека двајца браќа од Кавадарци, на 26 и 21 година, починаа од последици од ковид-19 едноподруго за три дена. И двете момчиња биле згрижени во Кавадаречката болница, од каде итно биле препратени во Скопје на Инфективната клиника, каде и починаа.

„Двете момчиња имаа хронична хематолошка болест и фамилијарно оптоварување со нарушен имунолошки одговор што ги вклучува во категорија на најризични пациенти со можност од фатален исход од ковид-19“, велат од Клиниката за хематологија чии специјалисти биле вклучени во конзилијарниот тим на Инфективната клиника. Тие примиле најсовремена терапија и нега но, за жал, ниту конзилијарните напори не можеле да им помогнат да ги санираат компликациите од болеста.

„Во услови кога уште не постои етиолошка терапија за ковид-19, главен фактор од кој зависи исходот на болеста е интегритетот на имунолошкиот систем на заболениот“, велат од Клиниката за хематологија.

Градоначалникот Јанчев кажа дека 21-годишното момче почина денеска напладне, а пред 3 дена почина брат му.

„За нивното здравје беа ангажирани инфектолози, доктори, хематолози кои несебично се грижеа за двајцата браќа. И покрај нивните напори момчињата починаа, тоа е трагедија и за семејството и за градот“, вели градоначалникот Јанчев.

Нивни блиски кажуваат дека растеле само со грижа од таткото, без мајка, која рано починала.

Вчера во Кавадарци беа регистрирани нови 15 ковид позитивни, вкупно досега има 585, а активни се 251

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: