fbpx

Објектив

Погледни подобро

ТРАМП ПОДНЕСУВА ТУЖБИ, НАЦИОНАЛНАТА ГАРДА ВО СУДИР СО ДЕМОНСТРАНТИТЕ

И понатаму трае напнатата трка за нов претседател на САД. На Џо Бајден му недостасуваат само шест елкторски гласови за Белата куќа, но и понатаму мора да се пребројат стотина илјади гласови во клучните американски сојузни држави по што ќе се знае исходот на тесната борба меѓу Бајден и Трамп, кој веќе започна со покренување на правна процедура во државите каде Бајден има предност.

Неговиот адвокатски тим со тужби бара запирање на пребројувањето во Џорџија, Пенсилванија и Мичиген, а во Вашингтон е побарано повторно пребројување на гласовите.

Најрано резултатите од претседателските избори би можеле да бидат познати во попладневните часови по средно европско време, кога ќе се ажурираат податовите од Невада, Џорџија и Аризона.

Невада носи шест електорски гласови и токму оваа држава би можела да биде клуч за победата на Бајден.

Трамп, кој во изборната ноќ си прогласи победа, а секој спротивен резултат го смета за кражба, го чека многу тешок пат до победата. Тој мора да ја освои Џорџија и Аризона или Џорџија и Невада, откако американските медиуми објавија дека Бајден води во Вашингтон и Мичиген.

Ако во негова полза се одвиваат работите, Трамп за да ги освои потребните 270 електорски гласови мора да победи во Пенсилванија, каде неговата предност постојано паѓа, па во Северна Каролина.

Во мометов вкупниот резулатат од електорските гласови е следен: 264 за Бајден и 214 за Трамп.

Група луѓе во Детроит се обидоа синоќа да спречат пребројување на гласовите во американската сојузна држава Мичиген, каде ситуацијата е исклучително тензична.

Целосно наоружани полицајци во Аризона ги чуваа луѓето кои бројат гласови.

Поддржувачи на американскиот претседател Доналд Трамп, некои вооружени, се собираат пред центрите за броење на избирачките ливчиња за претседателските избори. Националната гарда се обиде да ги смири, но избија силни судири.

Во некои држави, каде што води американскиот лидер, демонстрантите бараат да се стави крај на броењето, а во други, каде заостанува – да продолжи.

Уморен сум од насилства. Ми досади веќе да бидаме Латиноамериканци и не третираат како граѓани од втор ред. Дали мислам дека изборите ќе донесат било каква промена? Да мислам. Во одредена мерка. Мислам дека луѓето мора да ги поттикнат промените, вели еден демонстрант.

Во меѓувреме пак Демократскиот кандидат Бајден, кој не прогласи победа на изборите, но покажува високо ниво на самодоверба со пуштање во употреба на неговата нова „транзициска веб-страница“. „Граѓаните на Америка ќе одлучат кој ќе биде следниот претседател на САД. Гласовите се уште се бројат во неколку сојузни држави”, напиша Бајден.

Кризите што ја погодуваат земјата се сериозни – од пандемијата до економска рецесија, климатски промени, до расизам – и преодниот тим ќе продолжи да се подготвува во полн ек, така што администрацијата на Бајден-Харис може да биде подготвена за првиот ден, се вели на веб-страницата на Бајден.

Гласовите се уште се бројат на претседателските избори во САД, но Бајден има голема предност.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: