fbpx

Објектив

Погледни подобро

Виенскиот терорист живеел во стан добиен од државата и земал финансиска помош

Виенскиот терорист Кујтим Фејзулаи, по потекло од тетовското село Челопек, живеел на сметка на државата, во стан платен од градот Виена.
Го мразел градот што му го финансирал животот и покрај тоа што издржал затворска казна за обидот да им се придружи на екстремистите од Исламската држава во Сирија. Сепак, Фејзулаи за рекордно време добил субвенциониран стан, пишува Kronen Zeitung.

Дваесетгодишникот аплицирал за програма за поддршка на млади граѓани на Виена на 11 февруари 2020 година, а на почетокот на мај потпишал договор за закуп, додека другите чекале со години. Користел стан од 41,9 квадратни метри.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: