fbpx

Објектив

Погледни подобро

ДОШОЛ ЗАРАЗЕН НА ГЛАСАЊЕ, ПОЧИНАЛ НА ИЗБОРИТЕ

На гласањето на едно избирачко место во Мисури присуствувал член на изборната комисија на кој четири дена пред изборите му бил дијагностициран Ковид-19.

Со тоа тој потенцијално загрозил речиси 2.000 избирачи.

Ова лице во меѓувреме починало, рекле надлежните, пренесе „Би-Би-СИ“.

Тие наведуваат дека на лицето му било советувано после позитивниот тест да биде во карантин 14 дена. Додаваат дека причината за смртта се уште не е позната.

Во Мисури досега се заразени околу 200.000 луѓе ап починале повеќе од 3.000 лица, покажуваат податоците на универзитетот Џонс Хопкинс.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: