fbpx

Објектив

Погледни подобро

Заев: Ја имаме првата нeпpиjaтелcка порака и блokaда од Бугарија за преговарачката рамка

Премиерот Заев одговарајќи на новинарско прашање на увидот на магестралниот гасовод Скопје- Тетово- Гостивар изјави, „Ја имаме првата нeпpиjaтелcка порака и блокада од Бугарија за преговарачката рамка“.

Заев сепак смета дека не треба да се прави драма иако како што рече испратена е неубава порака од бугарска страна. Премиерот е оптимист дека на следните два состанока на работните групи може да се приближат ставовите, а се надева и на позитивен исход од средбата со Борисов во понеделник.

Премиерот Заев воедно истакна дека Бугарија со денешната постапка го пpekpшила членот 2 од Договорот во коиј стои дека ќе ја поддржи Македонија во евроинтеграциските процеси.

Извор: Канал 5

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: