fbpx

Објектив

Погледни подобро

ЗГРАДАТА НА ИНТЕРНИ КЛИНИКИ ЌЕ БИДЕ НАМЕНЕТА ЗА ПАЦИЕНТИ СО КОВИД19

Министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека целата зграда за Интерни клиники ќе биде наменета за пациенти со Ковид-19, откако Инфективната и модуларната болница целосно се исполнија.

„Нема да се поремети нормалнот функционирање на сите овие клиники, системот Мој термин продолжува да функционира“, вели министерот Филипче. Во моментов, Центарот за белодробни болести се уште има слободни капацитети. Министерот Филипче соопшти дека во моментов 890 заразени од Ковид-19 се во болничките кревети.

„Во последните неколку недели имаме буквално експлозија на вирусот, како кај нас така и во регионот и цела Европа. Секаде е загрижувачка ситуацијата, се исполнуваат капацитетите, а кадарот е се поизморен. Состојбата кај нас не се разликува од овие регионални и светски трендови“, рече Филипче.

За еден месец бројката на новозаразени е зголемена двојно. Околу 7 проценти од новозаразените имаат потреба од хоспитализација. Филипче најави дека од утре ќе бидат на располагање дополнителни 150 болнички кревети.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на:


Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-includes/functions.php on line 5279

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-content/plugins/really-simple-ssl/class-mixed-content-fixer.php on line 107