МИЛАН БАРА КРАТЕЊЕ НА ПЛАТИТЕ
Челниците на Милан ќе бараат од своите играчи согласност за кратење на платите од 20%, поради пандемијата од коронавирусот.
„Росонерите“ пријавиле загуби од блиску 200 милиони евра во текот на минатата сезона и ќе почнат преговори со играчите за кратење на дел од платите.
Порано Јувентус и играчите се согласија на помали плати, со што клубот „спаси“ околу 90 милиони евра.
Претседателот на Серија „А“ рече дека системот е пред колапс, но дека италијанската Влада е подготвена да помогне на клубовите со 600 милиони евра.
И другите клубови најавија кратење во иднина.