НА РАДОСТА НЕМА КРАЈ: ЃОКОВИЌ МУ СЕ ЈАВИ НА МЛАД ШТИПЈАНЕЦ КОЈ ПОБАРА НЕГОВ ПОСТЕР
Младиот штипјанец Петар Мијалков доби видеоповик од светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ по враќањето во Белград од турнирот во Виена. Петар е негов голем фан и не пропуштал ниеден негов натпревар.
Неговиот татко раскажува дека син му го засакал Ѓоковиќ откако во Штип видел постери со него.
„Секогаш кога минувавме покрај нив беше весел и се гордееше со светската ѕвезда. Еден ден постерот беше тргнат и Петар почна да тагува. Напишав на Твитер дали може некој да ми прати таков постер, за што веста се проширила и во Србија. Бевме многу изненадени кога лично се јави Ѓоковиќ“, вели таткото на Петар.
На видеоснимката што ја емитуваше регионалната телевизија „Стар“ се гледа Ѓоковиќ: „Здраво Петар, верувам дека наскоро ќе се видиме. Чувај се и брзо ќе се видиме“.
Таткото на Петар вели дека кога ќе имаат можност, ќе се потрудат да го гледаат Ѓоковиќ во живо.