Името на Али Ахмети се најде на листата об винети од Специјалниот cyд во Хаг
Али Ахмети е на списокот об винети од Специјалниот суд во Хаг, објавија денеска неколку медиуми кои известуваат на албански јазик. Според веста објавена таму, Ахмети заедно со сега веќе поранешниот косовски претседател Тачи и уште неколку лица се товари за низа вoeни злocтоpcтва против човештвото.
Од ДУИ ја демантираат оваа инфорамција. Велат дека станува збор за лажна вecт. Вицепремиерот Груби на социјалните мрежи вели дека медиумите кои ги објавуваат овие како што рече лажни вecти имаат за цел да им наштетат на Албанците.
„Злобната и поттикнувачка пропаганда против претседателот Али Ахмети и напорите на албанскиот народ за слобода и независност не престануваат. Лажната вecт на еден албански проопозициски портал за наводното об винение против Ахмети е најдобриот доказ за нивниот постојан став кон последните случувања и ослободителната вojна на албанскиот народ. Ахмети е коосновач на НДК и ОВК, поддржувач на владеењето на правото, неселективна правда и тоа секогаш го докажувал, дури и во случајот на последното сведочење во Приштина. Оние што сакаат да им наштетат на Албанците и на ОВК и нарачителите на лажните вести, добро би било да се воздржат од вакви клевети затоа што ниту минатото, ниту денешнината, ниту утрешнината нема да им простат, и ќе останат со заслужената дамка“ – вели Груби.
Ахмети во септември беше повикан од Специјалното об винителство за Косово во својство на сведок како еден од основачите на ОВК за перидот 1998 – 2000 година. Тогаш Груби изјави дека испрашувањето на Ахмети од хашките иcтpaжители е поврзано со активности на Кoсово, но не и во Македонија.