fbpx

Објектив

Погледни подобро

Почина актерката на која сите се сеќаваме од трагичната сцена од „Титаник“

Американската актерка Елза Равен (1929 – 2020), која се прослави во филмот „Титаник“, почина пред неколку дена, на 3 ноември 2020 година во Лос Анџелес на 91 година.

Елза починала во својот дом, а публиката ќе ја памети по улогите во филмовите „Враќање во иднината“ „Титаник“,   а нејзината кариера траеше од 1961 до 2011 година.
.Youtube
Сцената од филмот „Титаник“ во која таа глуми е снимена како една од најшокантните во историјата на кинематографијата, а она што дополнително ги вознемири гледачите е фактот дека не станува збор за фикција, туку за историски настан.
Youtube
Таа ја играше улогата на Ида Штраус, која трагично загина покрај нејзиниот сакан сопруг Исидор, а Титаник ги однесе нивните тела со себе на дното на океанот.
На бродот имало патници од прва класа, но бидејќи немало доволно место за мажите во спасувачките чамци, таа одбила да се качи бидејќи не сакала да ја напушти љубовта на својот живот и двајцата се удавиле.
Youtube

Тој беше косопственик на стоковната куќа „Мејси“ и конгресмен на Демократската партија и по тој повод се враќаа дома од одмор во Франција, па изнајмија една од најскапите кабини на „Титаник“. Иако на бродот имало многу богати луѓе, тие се истакнале како едни од најбогатите.

Во еден момент му било понудено да влезе во чамецот, но Исидор одбил да влезе пред да се качат другите жени, деца и помлади мажи.

Youtube

Тој инсистираше Ида да влезе во чамецот и да се спаси, а потоа таа одговори:

– Живеевме заедно многу години. Каде одиш ти, одам и јас – му рекла таа.

Нејзиното место во чамецот Ида и го дала на слугинката Елен Бирд, која подоцна ја прераскажала оваа приказна и рекла дека кога бродот заминувал, Исидор и Ида стоеле прегрнати на палубата, но овој момент не е прикажан во филмот.

Profimedia

Многумина жалат за смртта на познатата актерка Елза, а многумина и се заблагодаруваат за учеството во прикажувањето на вистинска сцена што се случила на познатиот брод пред 108 години, на 15 април 1912 година, на патот од Саутемптон кон Њујорк.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: