fbpx

Објектив

Погледни подобро

ЌE РАБОТАТ ЛИ ВО НЕДЕЛА ЗЕЛЕНИТЕ ПАЗАРИ?

Што ќе се случи со работењето на зелените пазари во неделите? МТСП доби задача во рок од 15 дена да изготви решение со кое ќе се огранили работењето во неделите.

Што ќе биде со работењето во неделите на зелените пазари, на трговските центри, или на вработените во дејностите каде што природата на работата не дозволува прекин, како на пример медиумите и тн? Сите овие дилеми се наметнаа по одлуката на Владата неделата да се прогласи за неработен ден, а Министерството за труд и социјална политика доби задача во рок од 15 дена да изготви соодветно законско решение со кое ќе се регулира кои дејности можат да бидат ослободени од работењето во недела.

Од Синдикатот не го кријат задоволството што нивното барање е прифатено од страна на Владата, слично размислуваат и вработените кои мораат да работат и во неделите за да обезбедат егзистенција, но од друга страна стопанствениците укажуваат на економските последици од една таква мерка врз компаниите, но и врз целата економија. Пред се поради намалување на побарувачката, која пак значајно влијае врз домашниот бруто-производ. Угостителите, на пример, и со сегашните рестриктивни мерки, кои го ограничуваат нивното работење ддо 21 часот, најавија отпуштање на вработени.

Затечени се и на зелените пазари, каде што добар дел од купувачките се одвиваат токму во неделите. Велат дека доколку забраната се однесува и на нив, ќе останат без значаен дел од приходите.

„Јас сум трговец поединец, каква врска има со мене некоја иницијатива на синдикатот?“, вели продавач на зелениот пазар „Буњаковец“. Неговото мислење го делат и луѓето од кои што се снабдува со земјоделски производи чија свежина е пресудна за да се продадат, како на пример шампињони и слични производи.

И големите трговски центри во неделите остваруваат голем дел од прометот, не само од потршувачи во земјава, туку и од земјите во соседството.

Сепак, кои се дејности ќе бидат опфатени со ваквата мерка за сега не се знае. Од Министерството за труд и социјална политика велат дека се формира работна група која преку компаративни анализи и на потребите на работните процеси во одделни сектори, како и преку консултација со другите министерства, ќе подготви предлог законско решение, кое потоа ќе треба да го помине владиниот филтер, како и во Собранието, пред да почне да се применува.

Со ваквото законско решение Македонија ќе им се приклучи на Црна Гора и на Словенија каде што веќе се применува ограничување за работа во неделите. Црна Гора беше првата земја во регионот што во октомври 2019 година забрани работење на продавниците во неделите. Неодамна тоа го стори и Словенија, која на 30 септември донесе закон со кој се забранува работење на продавници во недела и државни празници. Слични иницијативи има и во Хрватска и во Босна и Херцеговина, но таму се уште се водат дебати.

Во соседна Србија исто така со месеци се водат дебати на оваа тема, но таму нема согласност да се воведе такво ограничување.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на:


Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-includes/functions.php on line 5279

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-content/plugins/really-simple-ssl/class-mixed-content-fixer.php on line 107