fbpx

Објектив

Погледни подобро

МИНИСТЕРКАТА СТЕФОСКА: АКО МЕНЕ МЕ ПРАШУВАТЕ, ЈАЈЦЕТО Е ДОБАР ПРОЕКТ ЗА НОВА КОНЦЕРТНА САЛА ВО СКОПЈЕ

Градоначалникот Петре Шилегов и министерката за култура Ирена Стефоска кажаа дека реновирањето на Универзална сала не значи откажување од проектот за изградба на нова концертна сала на друга локација во Скопје. Тие денеска заедно со вицепремиерот за економски прашање Фатмир Битиќи ја најавија реконструкцијата на Универзална сала, за што со ребалансот на државниот буџет се обезбедени 2 милиони евра.

Градоначалникот Шилегов кажа дека се одлучиле да ја реновираат Универзална по широката поддршка од јавноста за идејата Универзална сала да се сочува во постојната форма, на постојната локација.

„Реконструкцијата на Универзална сала по проект којшто ќе ја задржи постојната големина и облик е оптимално и единствено разумно решение за повторно ставање во функција на овој објект. Со оваа реконструкција ја исполнуваме и спроведуваме на дело волјата на граѓаните во однос на Универзалната сала, но истовремено мора да нагласиме дека оваа реконструкција не ги задоволува среднорочните и долгорочните потреби за културата во градот. Изградбата на нова концертна сала со придружни конгресни капацитети, со обезбеден паркинг и соодветно сообраќајно решение за пристап до салата, и ред други просторни и технички стандарди за ваков тип на објекти е нешто што мора да му се случи на Скопје час поскоро. Убеден сум дека наскоро и за тоа ќе успееме да обезбедиме средства и за изградбата на ваква нова сала“, кажа Шилегов, кој смета дека новата сала треба да се гради на местото на оранжериите на ЈП „Паркови и зеленило“.

Министерката Стефоска кажа дека се прават големи напори во буџетот на Министерството за култура за 2021 да бидат предвидени пари за да се почне со градење на новата концертна сала, за која, како што кажа, веќе постои проект.

Универзална сала е затворена речиси 6 години, односно од 10 март 2015, кога на партиската трибина лидерот на СДСМ Зоран Заев ја пушти бомбата број 8 за изборни измами. По завршување на трибината на Заев, парче од таванот се откорна и падна врз седиштата. Тоа беше причина да се одложат сите планирани настани во Универзална, а одговорните тогаш одлучија место да го санираат само таванот, да се почека целосната обнова на салата.

Тогаш беше актуелен проектот објавен во декември 2013, според кој салата требаше да се урне, а на нејзино да место да се изгради целосно нов објект во форма на јајце. Новата сала требаше да се гради според проектот на архитектите Стојан Павлевски и Иван Симеонов од „Стоун дизајн“, со голема сала со 2.500 до 3.000 седишта, мала за камерни изведби со околу 300 места и административни простории. Овој проект едногласно го избра деветчлена стручна комисија, под претседателство на архитектот Вангел Божиновски. Но во март 2016, од финансиски причини беше откажана изградбата на салата во форма на јајце, а Министерството за култура најави дека обновата на Универзална ќе биде по проектот од пред десетина години на „Архангел бојс“, според кој се задржува сегашниот изглед, но салата се надградува со застаклена галерија околу целиот објект и се зголемува бројот на седишта за 200.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на:


Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-includes/functions.php on line 5279

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-content/plugins/really-simple-ssl/class-mixed-content-fixer.php on line 107