fbpx

Објектив

Погледни подобро

ТРАМП ЗАМИНА НА ГОЛФ, АМЕРИКАНЦИТЕ СЛАВАТ ПРЕД БЕЛАТА КУЌА И ПОКРАЈ ПАНДЕМИЈАТА (ВИДЕО)

Откако беше објавено дека Бајден го победи актуелниот претседател Доналд Трамп, симпатизерите на демократскиот кандидат Џо Бајден во саботата изразија експлозија од радост, па со лонци, автомобилски свирки и огномет излегоа на улиците во многу градови во САД.

Поранешниот американски претседател Барак Обама исто така се приклучи на честитките и рече дека не може да биде погорд што има прилија да им ја честита победата на Џо Бајден и Камала Харис, идниот претседател и потпретседател на Соединетите американски држави и истакна дека пред нив се извонредни предизвици. „Американците излегоа во невиден број“, рече Обама, констатирајќи дека Бајден и Харис оствариле историска и одлучувачка победа.

Во меѓувреме, медиумите известуваат дека Доналд Трамп денеска направил неколку чудни потези додека неговиот ривал Џо Бајден беше прогласен претседател. Освен што продолжува да инсистира на тоа дека тој оствариил убедлива победа на изборите, во текот на денот тој заминал и во неговиот голф клуб во Стерлинг, Вирџинија.

Неговиот штаб ги оспори резултатите и најави судски процес од понеделник.

 

Само неколку минути откако најголемите телевизиски станици во САД објавија дека Бајден победил после четири дена исчекување и неизвесност, луѓе масовно се упатија кон Белата куќа за пред неа да ја слават победата, додека од далечината одекнува огномет.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на:


Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-includes/functions.php on line 5279

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-content/plugins/really-simple-ssl/class-mixed-content-fixer.php on line 107