fbpx

Објектив

Погледни подобро

ДВЕ МОМЧИЊА НА ВОЗРАСТ ОД 18 И 13 ГОДИНИ СЕ ОБИДЕЛЕ ДА УКРАДАТ ВОЗИЛА ОД АВТОПЛАЦ ВО СКОПЈЕ

Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Аеродром и Драчево на 7 ноември уапсиле 18-годишник и 13-годишен малолетник, двајцата од Скопје, поради сомнение дека извршиле кривични дела кражба и обид за одземање на моторно возило, извршени на автоплац на булеварот „Трета македонска бригада“.

Како што информираат од МВР, пријавените од автоплацот одзеле клучеви за стартување на пет автомобили и се обиделе да украдат уште три возила.

Одземените предмети се пронајдени кај младите разбојници.

По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: