fbpx

Објектив

Погледни подобро

НАУЧНИЦИТЕ ГО РЕДЕФИНИРАА „БЛИСКИОТ КОНТАКТ“ СО ЗАРАЗЕН ОД КОВИД19

Доколку сте во близина со некој што е заразен со корона вирус, колку време е потребно за да се заразите?

Се чини дека нема „магичен“ број минути што ви гарантираат заштита, иако претходно се сметаше дека се работи за 15 минути близок контакт.

Неодамна, американскиот Центар за контрола и превенција на болести, (ЦДЦ) ја ревидираше дефиницијата за близок контакт. Претходно се сметаше дека е потребно да се поминат најмалку 15 минути на растојание помало од два метра од заразеното лице со цел да се протолкува како близок контакт.

Сепак, тие 15 минути не мора да бидат последователни, односно одеднаш. Близок контакт се смета за лице кое минало време на помалку од два метра од заразеното лице минимално 15 минути, но за 24 часа.

Зошто е променета оваа дефиниција?

Како пример е земен затворски чувар во Вермонт кој бил позитивен на корона вирус откако имал повеќе, но кратки контакти со шест асимптоматски затвореници. Тој во смена од осум часа, имал 22 состаноци со затвореници во траење од 17 минути.

Покрај времето на изложеност на корона вирус, исто така е важно дали лицето има симптоми, дали ги имало воопшто пред тоа или ги развило подоцна, дали е надвор или во затворени простории, дали просторијата била добро проветрена, уште колку луѓе биле во неа и што правеле…

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: