РЕКОРДЕН БРОЈ НА ПОЧИНАТИ ЛИЦА ВО ИЗМИНАТИВЕ 24 ЧАСА ВО МАКЕДОНИЈА
Во последните 24 часа се направени 2667 тестирања на ковид-19, при што се регистрирани 978 нови случаи. Во исто време, Институтот за јавно здравје регистрира 24 оздравени пациенти, додека починале 26 лица инфицирани со ковид-19, соопшти Министерството за здравство.
Во Скопје има 392 новозаразени, Тетово-95, Куманово-51, Гостивар-49, Велес-48, Битола-36, Кочани-32, Охрид-31, Прилеп-29, Кавадарци-22, Струмица-21, Кичево-20, Штип-18, Гевгелија и Неготино по14, Виница и Делчево по 12, Струга-10, Берово-9, Крива Паланка, Пробиштип, Свети Николе и Ресен по осум нови случаи, по шест има во Демир Хисар, Дебар, Кратово и Радовиш, Валандово-3, Крушево-2 и Македонски Брод и Пехчево по 1.
Од починатите 26 лица, по четворица пациенти се од Скопје (69, 88, 83 и 60г), од Прилеп (66, 76,77 и 57г ) и од Тетово (50, 67, 78 и 63г), тројца од Охрид (57, 71 и 57г), по двајца од Велес (79 и 73г) и од Битола (72 и 84г) и по еден од Куманово (58г), Штип (83г), Струга (82г), Гевгелија (87г), Струмица (67г), Кочани (70г) и од Делчево (49г). Од нив, освен тројца пациенти, останатите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 39760, бројката на оздравени пациенти е 23035, на починати е 1136, а бројот на активни случаи изнесува 15589.