Џими од рекламата за Горска Вода со К-15 кандидат за градоначалник: Џими Поликарп кандидат на Интегра за нов градоначалник на Штип
Нигериецот Симон Поликарп, познат како Џими, е изненадувачкиот кандидат за градоначалник на Штип.
Џими ќе натпреварува во „трката за прв човек на градот“ како претставник на Интегра – Македонска конзервативна партија.
Симон Поликарп, е роден во Нигерија, а во Штип дојде да студира, по што веќе неколку децении живее и работи во градот.
Изборите за градоначалник во Штип и Пласница се закажани на 13 ти декември, ќе се гласа според здравствените протоколи на предвремените парламентарни избори.
На 11 декември гласаат болните од ковид-19, на 12 декември болните, изнемоштени лица и осудениците во затворите, а на 13 ти декември е изборниот ден, кога гласачките места се отвараат во 7 часот.
За потсетување и видео од рекламата: