fbpx

Објектив

Погледни подобро

Bentley најави целосна електрификација на луксузните автомобили

Она што е заедничко за речиси сите производители на автомобили во последно време е фокусирање на електричните возила, било да се работи за мали градски, лимузини, спортски и луксузни автомобили или офроуд како Hummer. Во некои случаи се најавува постапна транзиција на електрични мотори, но не е познато кога компаниите имаат намера целосно да прекинат со производство на возила на бензински и дизел мотори, додека некогаш тие временски рамки се јасно поставени.

Такви јасни временски рамки за целосна транзиција кон електрични возила постави производителот на луксузни автомобили Bentley, од каде што најавија целосна електрификација до 2030 година. Значи, после 2030 година нема да може да се купи нов автомобил Bentley на погон на мотор со внатрешно согорување. Првиот дел од тој план се однесува на постапната транзиција, па така, од 2026 година Bentley ќе нуди само електрични и хибридни plug-in модели, а четири години подоцна нема да се произведуваат ниту хибриди.

Оваа одлука и не треба да не чуди кога се знае дека Bentley е дел од групацијата Volkswagen, чија иднина, како што нагласуваат од германската компанија, е врзана за електричните возила. Иднaта година Bentley треба да претстави два модели на хибридни возила, а како што истакна извршниот директор на компанијата, Адријан Холмарк, во текот на оваа деценија ќе се спроведе трансформацијата и ќе станат нов и одржлив етички пример за други компании на пазарот.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на:


Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-includes/functions.php on line 5279

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-content/plugins/really-simple-ssl/class-mixed-content-fixer.php on line 107