fbpx

Објектив

Погледни подобро

ДОГОВОРОТ МЕЃУ ЗАЕВ, РАМА И ВУЧИЌ ПРЕДВИДУВА: ГРАЃАНИТЕ НЕМА ДА ПЛАЌААТ ЗА ЛЕКУВАЊЕ АКО СЕ РАЗБОЛАТ ОД КОВИД-19 ПРИ ПРЕСТОЈ ВО СРБИЈА И АЛБАНИЈА

Денес беше потпишан Меморандум за разбирање и соработка во борбата против пандемијата на ковид-19 од страна на премиерите на Македонија и Албанија: Зоран Заев и Еди Рама и претседателот на Србија Александар Вучиќ. Целта на потпишување на меморандумот како што кажаа Заев, Рама и Вучиќ е уште посилна соработка меѓу трите земји во справување со пандемијата, со цел да се олесни животот на граѓаните.

Трите земји заедно ќе работат за обезбедување на вакцината за ковид-19 и ќе си помагаат доколку во некоја земја дојде до преоптоварување на здравствениот систем. Со меморандумот се предвидува и патување меѓу Македонија, Албанија и Србија без ПЦР тестови, како и бесплатно лекување доколку граѓани додека престојува во една од земјите, се разболат.

„Доколку некој граѓанин се затече во Србија или Албанија и треба таму да се лекува, државата каде се наоѓа ќе ги преземе трошоците за негово лекување таму. Истото важи и за државјаните на Србија и Албанија ако се затекнат тука. Со тоа нема да треба граѓаните на трите земји да плаќаат за лекување од свој џеб“, рече премиерот Зоран Заев по потпишување на меморандумот.

Србија и Албанија денеска потпишаа договор меѓу двете земји да се патува само со лична карта. Македонија веќе има договор во Србија и Албанија со кој македонските државјани во овие земји можат да патуваат само со лична карта.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на:


Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-includes/functions.php on line 5279

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-content/plugins/really-simple-ssl/class-mixed-content-fixer.php on line 107