НОВА ОДЛУКА НА ВЛАДАТА: ПОВЕЌЕ ОД ЧЕТИРИ ЛИЦА НЕ СМЕАТ ДА СЕ ГРУПИРААТ ПРЕКУ ДЕН НА ЈАВЕН ПРОСТОР
Владата на денешната 18-та седница донесе одлука за забрана за групирање на повеќе од четири лица на јавен простор.
Ова се однесува за паркови, јавни површини или било каде на отворен простор и наместо по 21 часот забраната ќе трае во текот на целиот ден, цела седмица и со точно дефинирани исклучоци од оваа забрана.
„Беше заклучено поранешни армиски службеници, над 45-годишна возраст, да се вклучат како поддршка на Министерството за здравство во делот на одржувањето на редот на здравствените институции“, информираат од Владата.
Беше одлучено и Министерството за одбрана, за потребите на Министерството за здравство во справување со последиците од заразната болест КОВИД-19 за определен временски период да отстапи одреден број санитетски возила.