fbpx

Објектив

Погледни подобро

ТРАМП ЌЕ ОБЈАВИ НЕКРОЛОЗИ ОД МРТВИ ЛУЃЕ ЗА ДА ГИ ДОКАЖЕ ИЗБОРНИТЕ ИЗМАМИ

Додека Доналд Трамп ја продолжува борбата за задржување на функцијата, новоизбраниот американски претседател Џо Бајден денеска ќе го свика првиот состанок на својот тим за борба против коронавирусот за да го испита најголемиот проблем со кој ќе се соочи кога во јануари ќе ја преземе власта.

Актуелниот претседател засега не дава назнаки дека планира да го признае поразот. Тој нема закажани настани за денеска, а во јавноста не се обратил од четвртокот. Како дел од кампањата за оспорување на изборните резултати, тој планира да одржи неколку митинзи преку кои ќе се обиде да добие поддршка за продолжување на својата борба, изјави портпаролот на неговата кампања Тим Муртау. Тој не откри каде и кога ќе се одржат тие.

„Трамп ќе се обиде да ги поткрепи своите тврдења за изборни измами со објавување некролози за мртви луѓе кои гласале на изборите“, кажа Муртау.

Тој планира да побара повторно броење гласови во неколку сојузни држави, но експертите сметаат дека овие напори веројатно нема да вродат со плод.

За тоа време, Бајден веќе почна да ја планира транзицијата. Неговиот советнички тим за борба против коронавирусот ќе го предводат поранешните шефови на највисоките здравствени институции во земјата Вивек Марти и Дејвид Кеслер, со кои ќе се обиде да утврди насоки како да се скроти пандемија која досега уби над 237.000 луѓе во САД.

Бајден ја потврди победата на изборите во саботата, кога го надмина прагот од потребните 270 електорски гласови. На национално ниво, тој освои четири милиони гласови повеќе од Трамп.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на:


Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-includes/functions.php on line 5279

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-content/plugins/really-simple-ssl/class-mixed-content-fixer.php on line 107