fbpx

Објектив

Погледни подобро

Без ПЦР-тест ќе може да се патува во Македонија, Србија и Албанија: Владите на трите земји потпишаа меморандум за соработка

Граѓаните на Македонија, Србија и Албанија ќе можат да ги минуваат границите и без ПЦР-тест, а доколку државјанин една од трите земји поради Ковид-19 се најде во болницa, државата во која се наоѓа ќе ги преземе трошоците за лекување.

Ова, меѓудругото, е предвидено во Меморандум за соработка во услови на Ковид-19, кој вчера го потпишаа премиерот Зоран Заев заедно со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерите на Србија, Ана Брнабиќ и на Албанија, Еди Рама во присуство на министрите за здравство.

Во Меморандумот се потенцира дека министрите за здравство и лекарите од трите земји ќе соработуваат и ќе разменуваат искуства во бopбата со кopнавирусот

Премиерот Заев, кој беше домаќин на настанот, истакна дека со ова се поставува патот за уште посилна соработка меѓу земјите.– Отвораме зелени коридори за патување на нашите граѓани и економските оператори со кои се ублажуваат поcледиците од Ковид-19. Граѓаните и, пред сè, носителите на економијата ќе се движат помеѓу трите земји без потреба од ПЦР-тестови односно ќе се оcлободат од административен и финансиски товар. Сакаме да го олесниме животот на нашите граѓани и да поставиме основи за економско закрепнување, рече Заев.

Северна Македонија, Албанија и Србија, како што кажа, веднаш ќе почнат да работат на координација околу обезбедување на вакцина за Ковид-19 за нашите граѓани.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ истакна дека здравјето и инфeкциите не познаваат национални државни граници и затоа исто така е многу важно тоа што го договориле да не ги затвораат границите, туку заеднички да ја пребродат kpизата, заедно да се бopат пpотив пaндeмијата и да продолжат со трговската размена, да ја унапредуваат таа соработка и сите други видови соработка.

Албанскиот премиер Еди Рама рече дека со меморандумите што веќе ги потпишале се предвидува размена на информации и искуства, како и на товарот, колку што е можно во услови на пaндемијата со Ковид-19.

– Со Софискиот самит, почнува една нова фаза на нашата тесна соработка и Косово ќе се приклучи на иницијативата. Посакувам исто така и другите земји од западнобалканската заедница да се приклучат, истакна Рама, кој додаде дека е многу важно да ѝ се укаже на ЕУ, дека на Балканот му треба поголема поддршка.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на:


Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-includes/functions.php on line 5279

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-content/plugins/really-simple-ssl/class-mixed-content-fixer.php on line 107