fbpx

Објектив

Погледни подобро

ЕВРОПРАТЕНИКОТ КОВАЧКИ ОТКРИВА: ДЕДОТО НА РАДМИЛА ШЕКЕРИНСКА СЕ БОРЕЛ ЗА “ОСЛОБОДУВАЊЕ И ОБЕДИНУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА КОН БУГАРИЈА”, РАМО ДО РАМО СО “ФАШИСТИЧКАТА” БУГАРСКА АДМИНИСТРАЦИЈА

Дедото на Радмила Шекеринска се борел за „ослободување на Македонија и присоединување кон мајка Бугарија“, открива европратеникот Андреј Ковачев на својот ФБ профил, притоа приложувајќи копија од архивски документ во кој може да се прочита барање на бабата на Шекеринска, Радка Александрова Шекеринова.

„Тоа е писмо, испратено од бабата на Радмила Шекеринска, министер за одбрана на РСМ, до директорот на одделението за пензии, со кое моли за помош. Забележете за што се борел нејзиниот покоен сопруг: ‘За Ослободувањето и Обединувањето на Македонија, кон мајка Бугарија“ – пишува Андреј Ковачев.

Image

Во дописот до бугарската фашистичка администрација, бабата на Шекеринска го замолува директорот да и одобри „една скромна пензија“ за да може да ги одгледува „трите малолетни деца“.

Пензијата ја бара во чест на нејзиниот покоен сопруг, Александар Поп Христов Шекеринов од Штип, како „деец и активен член во движењето за ослободување и обединување на Македонија кон мајка Бугарија“.

Писмото е испратено во 1943. година на 22 јануари.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: