fbpx

Објектив

Погледни подобро

ОБЈАВЕНО КОЛКУ ДОЛЖИ БАРСЕЛОНА, КЛУБОТ Е ПРЕД БАНКРОТ!

Каталонскиот фудбалски клуб Барселона должи неверојатни 820 милиони евра.

Тоа денеска го објавија шпанските медиуми кои тврдат дека на клубот му се заканува банкрот поради големиот долг.

Поради пандемијата со коронавирусот Барселона остана без приходите од влезниците, а недостигаат и големиот број на туристи кои го посетуваат Камп Ноу. Покрај тоа, клубот прерано испадна од ЛШ и не ги заработи парите кои ги очекуваше.

Освен тоа, за Барселона дополнителен проблем претставува тоа што поранешниот претседател Бартомеу договори со една американска компанија позајмица од 800 милиони евра за реконструкција на стадионот.

Доколку дојде до активирање на таа работа, тогаш долгот на Барселона ќе порасне на 1.6 милијарди евра, што може да биде фатално за еден од најголемите светски клубови

error

Ви се допадна објавата? Споделете на:


Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-includes/functions.php on line 5279

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-content/plugins/really-simple-ssl/class-mixed-content-fixer.php on line 107