fbpx

Објектив

Погледни подобро

СДСМ не сака градовите да бидат завиени во мрак, затоа ќе има новогодишно украсување

Нема да дозволиме градовите и општините да бидат завиени во мрак. На граѓаните им е потребна зрак светлина во тешкиот период со коронавирусот, особено во она малку време што можат да го поминат надвор, за време на празниците, велат од СДСМ откако ВМРО-ДПМНЕ побара да се откаже новогодишното украсување поради ковид-19.

Од СДСМ во соопштение до јавноста велат дека украсување ќе има, но ќе биде поскромно од претходните години.

-Секако оваа година значително ќе се намалат средствата што се двојат за оваа намена, со цел украсувањето да биде поскромно и прилагодено на можностите и целата состојба, се вели во соопштението.

Претходно денеска воветничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје побара оние 200 илјади евра планирани за новогодишно уркасување на Скопје да се пренаменат за да се купат лаптопи за учениците кои не можат да следат онлајн настава.

-Кога Петре Шилегов можеше да ја помине првата година од мандатот без новогодишна прослава поради тоа што воздухот беше загаден, сега бараме не само поради загадениот воздух туку и поради тоа што Скопје е најпогодениот град во државата од корона кризата.

Не е време за забава, туку време е да се спасуваат човечки животи. Доколку не ја прифати нашата иницијатива се покренува сомнеж дека Шилегов има некаков бизнис интерес од украсувањето на Скопје. Потсетување, за само неколку години се потрошени половина милион евра за новогодишни прослави.

На Скопје му треба градоначалник, а не шминкер – реагираат советниците на ВМРО-ДПМНЕ.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на:


Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-includes/functions.php on line 5279

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-content/plugins/really-simple-ssl/class-mixed-content-fixer.php on line 107