fbpx

Објектив

Погледни подобро

Утре половина Скопје без струја, во овие општини ќе има прекин во снабдувањето

Без струја утре ќе останат корисници од општините Чаир, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Аеродром и Петровец, информира РЦУК.

Во периодот од 09:30 до 12:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците на дел од ул. „Иван Манолев”и дел од ул. „Рокомија”куќи бр.57 А-Б и 59 А-Б во општина Чаир, во периодот од 11:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од зградите и куќите на потегот меѓу улиците „Вера Јоциќ”, „Георги Димитров” и „Народни Херои”, дел од ул. „Георги Динитров” спроти бр.17, ул. „Вера Јоциќ” бр: 4, 5, 6, 10, 12, 12 а, 14, 14 а, 16 и околните во општина Кисела Вода, како и корисниците од ул. „Копрушка” (од бр.2-20 само парните броеви), во општина Ѓорче Петров.

Без струја во периодот од 12:00 до 14:30 часот ќе бидат корисниците од ул. „Гиго Михајловски” згр.бр.4 влез 1, 2,3 и 4, во општина Карпош, потоа во периодот од 09:00 до 11:00 часот корисниците од ул. „Крсте Асенов” (потрошувачите од згр.бр:6, 8 и 12), во општина Чаир, во периодот од 08:30-14:00 часот корисниците на дел од ул. „Коперникова” и ул. „Иван Тургењев”, во општина Кисела Вода, а во периодот од 10:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од ул. „Кленоец” од бр.25-31 во општина Карпош.

Прекин во снабдувањето со електрична енергија утре во период од 11:30 до 15:00 часот ќе имаат корисниците од ул. „Њуделхиска” и ул.„Атинска” во општина Карпош, во периодот од 09:30 до 15:00 часот корисниците од ул. „Богомилски Поход”, дел од ул.„Тодор Чангов” и околните улички во општина Аеродром, во во периодот од 11:00 до 13:00 часот корисниците од главната улица (стар пат Петровец-Катланово R1102) во општина Петровец, а во периодот од 08:30 до 11:00 часот корисниците од ул. „Корушка” (од бр.2-10), ул. „Вангел Дуну” (од бр.2-20), ул. „Иван Цанкар” (од бр.2-80) во општина Карпош.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: