Шекеринска смогна сили и со пола уста му одговори на Каракачанов
Mинистерката за одбрана Радмила Шекеринска за изјавата на бугарскиот колега Красимир Каракачанов дека би можел да испрати инженерски полк за демонтирање споменици во земјава на кои пишува „бугарски фашистички окупатори“, вели дека тој ги злоупотреби во политички контекст бугарските инженерци.
„Еве денеска ги гледаме македонските инженерци, бугарските инженерци колегата Каракачанов ги кажа и по мене ги кажа и ги злоупотреби во еден политички контекст кој не доликува на држави членки на НАТО“, порача Шекеринска од Криволак од каде со инженерците на Армијата беше на увид на патот кој се трасираше од Штип до Армискиот полигон.
После неговата изјава не се виделе и Шекеринска рече дека Каракачанов не бил присутен на последениот состанок на министри за одбрана на НАТО.
Извор: Фактор.мк