TOJOTA ДОАЃА ВО САЛОН НА НИСАН, ЕВЕ ЈА ПРИЧИНАТА
Во Nissan одлучиле да ја понудат на тестирање популарната Тојота на сите заинтересирани клиенти.
Не е шега и не станува збор за грешка. Nissan навистина ќе им ја понуди најновата Toyota RAV4 на посетителите во своите изложбени салони од декември за тестирање. Автомобилот ќе се нуди во повеќе од 500 салони во Америка, а секој што планира да купи Nissan Rogue, попознат кај нас како X-Trail, ќе може да го испроба.
И приказната е ваква. Nissan признава дека RAV4 е одличен автомобил и ја заслужува титулата најпродаван компактен SUV во Америка. Сепак, Nissan е убеден дека Rogue е подобар од Toyota во сè, па затоа ќе понуди компаративен тест на овие два модели за сите заинтересирани. Од друга страна, во Тојота се запознаени со оваа маркетинг кампања и се многу „почестени“. Очекуваат клиентите да го изберат RAV4.
Оваа неконвенционална стратегија „Rogue Gone Rogue“ може да вроди со плод, но некои сметаат дека е многу ризична. Лесно може да се случи „некои клиенти да одлучат поинаку отколку што се надеваат од Нисан“, вели Тајсон Џомини од „ J.D.Power “, но од „Нисан“ се оптимисти и велат дека клиентите ќе видат дека нивната понуда е многу подобра, пишува „Ауто њуз“.
Новиот Nissan Rogue во Америка започнува со 2,5 бензински мотор со над 200 КС и чини 25,650 долари. RAV4 има почетна цена од 26.050 долари.