fbpx

Објектив

Погледни подобро

Арсовски: Дали Владата на Заев ќе реагира за вчерашниот ултиматум од Софија, ИЛИ СЕ УШТЕ ЌЕ МОЛЧИ?

Потценувачки е односот на Заев и Владата кон македонскиот народ, македонската држава, историја и национални интереси. Вчера денот го поминаа во Софија разговарајќи и преговарајќи со бугарската страна за проблемот со блокадата, која што ја најавија, но и длабоко се сомневаме дека разговарале за ветувањата што ги дале уште пред три години кон источниот сосед, изјави Димче Арсовски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција.

Крајно потценувачки и навредувачки се изјавите на бугарскиот министер Каракачанов во однос на Гоце Делчев и историјата на Република Македонија, врз кои се темелат македонската држава, идентитет, нација и јазик, нешто што им е свето на македонските граѓани. Потценувачки и уценувачки е што Каракачанов и бугарската страна даваат рокови и ултиматуми на Република Македонија и си поигруваат со чувствата на граѓаните кои што живеат во Република Македонија, вели тој.

– Уште попотценувачки и понавредувачки е што сеуште нема реакција од страна на МНР на Република Македонија, како и од реакција од Владата за ставовите изнесени од г-динот Каракачанов. Ја повикаме Владата, Заев, Димитров и сите инволвирани во процесот, јавно да им кажат на граѓаните за што се преговарало во Софија, имајќи на ум дека јасно е потенцирано од нивна страна дека стојат цврсто зад нивната декларација изгласана во Парламентот минатата година, за кои точки имаат ултиматум да размислуваат до петок и конечно да не си поигруваат со судбината на граѓаните заради нивните лажни ветувања кои ги давале при преговарање претходно, истакна Арсовски.

Затоа прашуваме дали имаат намера МНР и Владата да реагираат или ќе молчат како и до сега? Неспособноста и несериозноста на Зоран Заев не донесе до овој ќорсокак. Жално е што за пазарџиските постапки на Заев и Димитров, но и сите останати инволвирани, во моментов губи и трпи штети само Република Македонија и македонскиот народ. Единственото решение е Влада за национален спас, наместо оваа Влада која што ја гледаме три години за национално распродавање на македонските интереси, потенцираше тој.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на:


Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-includes/functions.php on line 5279

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-content/plugins/really-simple-ssl/class-mixed-content-fixer.php on line 107