Врие полиција во Арачиново!
Сообраќајната полиција вечерва прави рација во скопско Арачиново.
Веќе скоро два месеци полицијата става ред на улиците во државата, а вечерва очигледно дошол редот на Арачиново.
Видливи се патролите на полицијата кои се распоредени во целото село. Граѓаните го поздравуваат засиленото работење на полицијата и зголемувањето на безбедноста на улиците.