fbpx

Објектив

Погледни подобро

ИЗВЕШТАЈ НА ЧЕШКО РАЗУЗНАВАЊЕ: НА СВЕТОТ МУ СЕ ЗАКАНУВА НОВА СВЕТСКА ВОЈНА

Во извештајот на чешкото воено разузнавање за 2019 година, објавен на неговата веб-страница се наведува дека светот се соочува со закана од нова светска војна.

Според аналитичарите, глобалниот конфликт моментно „се наоѓа во правата фаза“.

– Се формира перспективата на оние кои можат и сакаат да земат активно учество во конфликтот и постепено се определуваат технолошки инструменти, со кои тој би можел да биде управуван, се наведува во документот.

Авторите на извештајот го посочуваат ривалитетот меѓу САД, Русија и Кина како евентуална причина за глобалниот конфликт.

Во документот, исто така, се забележува и намалување на важноста на меѓународното право. Отсуствува мирниот дијалог, како начин за решавање на конфликтите кои се појавуваат, а се доведува во прашање и безбедноста на светскиот поредок. Покрај тоа, зголемувањето на тензиите придонесува за манипулација со јавната свест, тврдат чешките аналитичари.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на:


Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-includes/functions.php on line 5279

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-content/plugins/really-simple-ssl/class-mixed-content-fixer.php on line 107