fbpx

Објектив

Погледни подобро

Можно е да снема месо за празниците

Пазарите за стока во државава добија забрана за промен на ситен добиток уште пред три месеци, поради болеста свинска чума во соседните земји, но деновите од АХВ најавија дека од истите превентивни причини ќе следи забрана за промен и на покрупна стока, на овците и козите поради појава на болеста син јазик.

Од Агенцијата не можат да кажат до кога ќе трае првата забрана, а најмалку пак втората за која сточните пазари допрва ќе добијат решенија дека не смеат да вршат промет со сточниот фонд кој е во забранетата група.

„Сточниот пазар во селото Облешево, кој е најголемиот и првиот регистриран сточен пазар во Македонија, е пред затворање откако доби решение за забрана на промет на прасиња и свињи. Нема забрана за преживарите од групата на крупната стока како што се телиња, јунци, овци и кози, но на нашиот пазар 80 проценти од прометот се однесуваше на ситниот добиток, прасиња и свињи“, вели основачот и раководител на сточниот пазар во Облешево Стево Николов.

Овој пазар за промет го користеа голем број сточари од цела Источна Македонија за ситна стока, најмногу од кочанскиот и виничкиот крај, а за крупна стока од Малешевијата. Со дополнителните забрани што ќе уследат ,сточните пазари ќе бидат во уште потешка состојба. Порано, во вторник кога е пазарен ден во промет биле околу 250 грла ситна и крупна стока, но веќе три месеци имале слаба понуда само на 10-15 грла крупен добиток. Ги купувале главно трговци од Куманово и Скопје.

 

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: