fbpx

Објектив

Погледни подобро

НОВ ПРЕДЛОГ – ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА И СПРЕЧУВАЊЕ НА НАСИЛСТВО – ПОЛИЦИЈАТА И СУДОТ ЌЕ ПРЕВЗЕМААТ МЕРКИ ЗА 24 ЧАСА

Владата усвои предлог закон за спречување и заштита од насилството врз жените и семејното насилство. Со новиот предлог закон се предвидува полицијата и судот да преземат мерки за 24 часа со цел да се заштитат жртвите.

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, истакна дека целта на овој предлог закон со меѓународни стандарди е заштита на жртвите од насилството.

Од досегашните искуства во нашата земја, за вакви случаи биле потребни неколку месеци за да се одржи рочиште и да се донесе одлука.

Исто е и со случајот за кој известуваше ТВ21. 22 годишната жена од Кичево омажена во скопски Љуботен избегала кај нејзините родители поради малтретирањето на сопругот. Таа неколку пати пријавила насилство, но нејзиниот сопруг продолжува да и се заканува. Судот не донесе сè уште одлука, а рочиштата за семејно насилство и развод се откажани два пати. Обвинетиот продолжува да биде на слобода и ѝ се приближува на жртвата за да ја малтретира секогаш кога има можност.

„Откако дојдов тука, тој доаѓа тропа и удира на врата, вика во дворот, фрла камења на прозорите. Полицијата му најде и оружје, го држеа во станица. На 2-ри имавме судење, штом излегов од судот почна насилството на среде улица. Со сила ме донесе до пред станот, таму не сретна полицијата и го приведе.“

За овој случај реагираа и организациите кои се занимаваат со борба против насилството, кои бараат судот да ги преземе потребните мерки за да не дојде до фатален крај.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на:


Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-includes/functions.php on line 5279

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-content/plugins/really-simple-ssl/class-mixed-content-fixer.php on line 107