fbpx

Објектив

Погледни подобро

Хакирана страницата на Дигиталниот речник на македонскиот јазик

Страницата на Дигиталниот речник на македонскиот јазик, алатка која според огромен број на негови корисници во Македонија и пошироко има голем придонес за зачувување и популаризација на нашиот литературен јазик и правопис, деновиве беше хакирана и е надвор од употреба.

Нападот се случи токму во пресрет на Самитот на Западен Балкан во Софија во рамките на Берлинскиот процес.

Објавата, пак, за хакирање на сајтот осамна на социјалните мрежи токму од Шинаси Деребеј, информатичар по потекло од Македонија, сопственик на компанија со седиште во Берлин, кој го создаде Дигиталниот речник на македонскиот јазик. Неговиот потег да го дигитализира македонскиот правопис и тој бесплатно да биде достапен за сите, ја воодушеви јавноста во државата.

Официјална потврда од креаторите на платформата за тоа кој и зошто го нападнал сајтот нема, ниту, пак, информација дали нападот е пријавен во секторот за компјутерски криминал при МВР.

„Серверите на Дигиталниот речник на македонскиот јазик се нападнати. Ја анализираме состојбата и се надеваме дека тие наскоро ќе бидат во употреба“, стои во изјавата на Деребеј за корисниците на сајтот.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: