fbpx

Објектив

Погледни подобро

ЗАЕВ: ЗА НЕКОИ РАБОТИ КАКО ШТО СЕ ИДЕНТИТЕТОТ И ЈАЗИКОТ НИКАДЕ ВО СВЕТОТ НЕ СЕ ПРЕГОВАРА

Премиерот Зоран Заев не ја исклучува можноста Македонија да не добие прва меѓувладина конференција со Европската унија, иако е оптимист за наоѓање решенија во спорот со Бугарија. На прес-конференцијата во Владата за доделување финансиската поддршка на 400 компании од третиот пакет на економски мерки, Заев одговарајќи на новинарско прашање кажа дека има работи за кои никаде во светот не се преговара.

„Преку оптимизам испраќаме порака дека правиме сè за да постигнеме решение. Јас сум истиот тој што пред месец дена на празникот 11 Октомври го запознав народот дека е можно да немаме решение односно дека е можно да не се одржи првата меѓувладина конференција помеѓу Северна Македонија и ЕУ. Правиме напори до последен момент, ќе дадеме сè што може од наша страна како енергија, памет и мудрост, но знаете дека има работи за кои никаде во светот не се преговара. Тоа го сфаќа и бугарската страна, сфаќа дека нашиот идентитет и нашиот македонски јазик се наше чувство и право, државите не преговараат за оваа работа. Ние продолжуваме да изнаоѓаме решение кое секако би било прифатливо за двете страни, но дефинитивно стојам и денеска на тоа дека постои можност да не добиеме прва меѓувладина конференција со ЕУ“, изјави Заев.

Бугарија на состанокот на амбасадорите на земјите членки на ЕУ (КОРЕПЕР), одржан на 6 ноември одби да даде поддршка за усвојување на преговарачката рамка за почеток на преговорите на Македонија. Со тоа го прекрши членот 2 од Договорот за добрососедство, кој вели дека Бугарија треба да ја поддржува Северна Македонија на патот кон ЕУ.

Состанокот на Советот за општи работи на министрите на ЕУ (ГАК) на кој треба да се прифати преговарачката рамка за почнување на пристапните преговори, ќе се одржи на 17 ноември.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на:


Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-includes/functions.php on line 5279

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-content/plugins/really-simple-ssl/class-mixed-content-fixer.php on line 107