НОВИНАРОТ КОЈ БЕШЕ ФАТЕН КАКО МАСТУРБИРА ЗА ВРЕМЕ НА СОСТАНОК НА ЗУМ Е ОТПУШТЕН
Еден од најпознатите новинари Џефри Тубин беше фатен во недолична ситуација за време на состанок на уредничкиот колегиум, одржан преку платформата Зум. Поради непријатната ситуација Тубин е отпуштен од магазинот „Њујоркер“. Шеесетгодишниот Тубин, кој беше под суспензија од инцидентот минатиот месец, потврди на Твитер дека добил отказ.
„Денеска бев отпуштен од ‘Њујоркер‘ по 27 години како член на новинарската редакција. Секогаш ќе го сакам магазинот и ќе ми недостигаат моите колеги“, напиша Тубин, кој ќе ја изгуби и коментаторската позиција во Си-Ен-Ен.
Како што објави сајтот „Вајс“, за време на состанокот, неколкумина колеги го виделе Тубин како мастурбира на друг видеоповик. Откако беше суспендиран, Тубин призна дека направил глупава грешка, мислејќи дека камерата му била исклучена.
„Сакаме сите да бидат свесни дека работите на работното место треба да се сфатат сериозно“, соопшти компанијата „Конде наст“, во чија сопственост е „Њујоркер“.
Инцидентот се случил на 15 октомври, кога „Њујоркер“ и едно њујоршко радио правеле симулација на изборите.