fbpx

Објектив

Погледни подобро

СЗО ПРЕГОВАРА ЗА РУСКАТА ВАКЦИНА ДА БИДЕ НА СПИСОКОТ ЗА ИТНА УПОТРЕБА

Светската здравствена организација е во преговори со рускиот институт кој ја развива вакцината против ковид-19 СпутникV, за можноста да биде вклучена во списокот за итна употреба, доколку е во согласност со критериумите.

„Доколку се открие дека производот доставен на проценка е во согласност со критериумите за вклучување во списокот, СЗО отворено ќе ги објави резултатите“, соопштиja oд СЗО.

Вакцината „Спутник V“, произведена од Институтот за научно истражување „Гамалеја“, на 11 август доби потврда за регистрација од руското Министерство за здравство, со што стана првата регистрирана вакцина против коронавирусот во светот.
error

Ви се допадна објавата? Споделете на: