Денеска се регистрирани 1295 нови случаи и 26 починати лица од Ковид 19
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3315 тестирања, регистрирани се 1295 нови случаи на коронавирус, додека пак на територија на Скопје регистрирани се нови 539 нови случаи.
Од почетокот на епидемијата, до сега во Скопје има 19.189 случаи на коронавирус, додека пак активни се 7.756.
Активни случаи по општини Скопје денеска:
- Аеродром -1205
- Гази Баба – 1066
- Карпош – 1032
- Центар – 982
- Кисела Вода – 964
- Ѓорче Петров – 639
- Чаир – 458
- Бутел – 400
- Илинден – 192
- Шуто Оризари – 132
- Петровец –74
- Чучер Сандево – 69
- Сарај – 87
- Сопиште – 58
- Зелениково -47
- Студеничани – 39
- Арачиново -20
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 43.835, бројката на оздравени пациенти е 25.782, на починати е 1.238, а бројот на активни случаи изнесува 16.815.